Поради повреда: Столе нема да брани за Валенсија во Копа дел Реј!

41
ФОТО: Valencia C.F/FB

Заврши годината за Столе Димитриевски, за нашиот репрезентативен голман и член на Валенсија. Имено до крајот на оваа календарска година, неговиот клуб треба да одигра уште два меча, првиот е вечерва во Копа дел Реј на гости кај Хихон. Познато е дека Македонецот редовно брани за Валенсија само во ова натпреварување, но Столе е повреден и тој вечерва нема да се најде на голот на неговиот тим, исто така нема да биде во комбинација за средбата со Мајорка во Ла Лига која е на програмата претстојниот викенд.

Останува да се надеваме дека македонскиот репрезентативец ќе има повеќе среќа во 2026 година, дека ќе брани за Валенсија редовно или пак во некој друг клуб.

ПретходноАлен Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната
Следно„На полувреме отидов да го прошетам кучето! Што се случи во Манчестер?“ (ФОТО)