Шкендија го зголемува македонскиот клупски коефициент, ама и својот – сега тој е 10.875!

146
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Шкендија е на седмо небо. Шкендија ги живее своите најуспешни фудбалски денови од постоењето. Шкендија испиша клупска историја и историја на мак-фудбалот со пласманот во плеј – офот во Лигата на Конференции каде против Лех или Самсунспор ќе атакува и на пласман во 1/8 финалети.

Зошто да не?

Инаку шампионот на Македонија од јули наваму одигра 14 натпревари во фудбалска Европа и тоа во квалификациите во ЛШ и ЛЕ како и во лигашката фаза во ЛК. Со тие два меча во февруари ќе дојде до бројка од најмалку 16 меча во една сезона во Европа. Нешто што ниту еден наш клуб досега го нема направено.

Да, Шкендија со овие успеси го зголемува или дига македонскиот клупски коефициент, сега сме на 45.место, но воедно тетовци го зголемуваат и својот коефициент.

Во јули тргнаа со 7.500 а од денеска тој е 10.875.

Па така Шкендија го има убедливо најголемиот коефициент од македонските клубови, а истиот може само да расте и напролет.

Инаку познато е дека се пресметуваат само последните пет сезони, вклучувајќи ја и тековната во Европа.

Ова значи дека Шкендија е убедливо најдобрата екипа од Македонија, со највисок коефициент.

Да ја погледнеме табелата каде се останатите наши клубови на клупската ранг – листа на УЕФА кои играле во Европа во последните пет години.

ТАБЕЛА

139. Шкендија 10.875 (коефициент)

226. Шкупи 5.500

238. Струга ТЛ 5.000

323. Македонија ЃП 2.500

336. Силекс 2.000

369. Вардар 1.500

393. Работнички 1.000

400. Тиквеш 1.000

405. Брера 1.000

ПретходноПознати деталите за неделниот Ол-Стар во „Кале“: Многу пријавени учесници во забивање и шутирање тројки
СледноУЕФА со позитивна оцена за Грасрут активностите на ФФМ