Првото „вечно“ дерби меѓу Партизан и Ц. Звезда на 19 септември

210

Раководството на српската Супер лигата го утврди точниот термин за популарното „вечно“ дерби меѓу лутите белградски ривали Партизан и Црвена Звезда.

Натпреварот ќе се одигра на 19 септември во 18 часот. Првото дерби оваа сезона ќе биде всушност 165-то вечно дерби меѓу Партизан и Звезда, а ќе се игра во 9. коло од српската Супер лига на стадионот во Хумска.

Претходно, викендов, Ц. Звезда ќе се сретне со Пролетер во осмото коло, а Партизан ќе игра против Раднички од Крагуевац, а потоа ќе имаат настапи во европските купови.

ПретходноСрамно: Кога сите ти се смеат за теренот, а капитенот мора да се извинува! (ФОТО)
СледноДербито Шкендија – Шкупи се игра во вторник