Алегри казнет со 10.000 евра за скандалот на мечот со Наполи!

44
фото: Nicolò Schira @NicoSchira (X)

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е казнет со 10.000 евра по жестока размена на зборови со спортскиот координатор на Наполи, Габриеле Оријали, како и со тренерот Антонио Конте. Спорот избувна за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија, кое „росонерите“ го загубија со 2-0. Дисциплинската комисија, го казни Алегри за неговото однесување во втората половина од натпреварот.

Дури и пред да биде изречена санкцијата, Наполи издаде официјално соопштение во кое остро го осудува однесувањето на Алегри. Во соопштението на клубот се вели:

Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри. Се надеваме дека оваа целосно неконтролирана агресија нема да остане незабележана“.
Поразот ги уништи амбициите на Милан за двојна круна, откако „росонерите“ триумфираа на турнирот минатата сезона со победа од 3-2 над градскиот ривал Интер. Полуфиналниот дуел беше решен со головите на Давид Нерес и Расмус Хејлунд, кои ја обезбедија победата за „Неаполитанците“.
Со овој успех, наполитанците се квалификуваа за финалето, каде што ќе се соочат со Болоња. Решавачкиот дуел е на 22 декември.

ПретходноЈувентус со победа во дербито со Рома ја заврши 2025-та
СледноМбапе го израмни рекордот на Роналдо, Реал оствари нова победа во Примера