Срамно: Кога сите ти се смеат за теренот, а капитенот мора да се извинува! (ФОТО)

6207

Ова навистина е премногу. Нас не боли тоа што Романците “врескаа“ за лошиот терен пред вчерашниот натпревар во квалификациите за СП. Им порачавме да не “плачат“, но кога некој ќе ти ја “плесне“ вистината во лице е тогаш навистина ќе сфатиш дека се во право.

И одново тој терен на Арената. Проблем од кој што со години и години наназад црвенееме. Па свемирски брод да беше досега ќе му го најдевме чарето. Порано беше преоптоварен, но сега не е. Имено за четири месеци на него се одиграни само единаесет фудбалски натпревари. Значи по три на секој месец.

Дали тоа е преоптоварување?

И дефинитивно теренот на некои места изгледа како ораница. Од фотографиите на ФБ на Фудбалската федерација на Романија најубаво се гледа на каков терен вчера играа Македонија и Романија. Дури и нашиот селектор изјави дека е срамота што репрезентацијата игра на ваков терен на Арената. Што да кажеме за изјавата на Станчиу, кој е вџашен од тоа на каков терен се играше фудбал вчера, изјави и дека просто ги жали своите колеги од македонската репрезентација. Не заборави да каже дека капитенот Стефан Ристовски пред мечот им се извинувал.

И зошто Стефан да се извинува? Зошто Стефан да го фаќа срамот кога за тоа најмалку е виновен?

ФФМ што да прави кога во Македонија има само еден ваков објект на кој е дозволено од УЕФА да се играат мечеви од висока категорија.

Сите се фалиме со Арената, дека е убав објект, дека имаме супер стадион, но теренот е за никаде. И тоа се повторува, повторува, повторува.

На 11 октомври ни доаѓа Германија. Можеме само да претпоставиме каков одек низ Европа ќе имаат евентуалните изјави на Германците дека тие не играле на полош терен од оној во Скопје.

Каков срам ќе биде тоа…

ФОТО: frf.ro facebook

ПретходноНов пех за Челзи: Пулишиќ повторно се повреди
СледноПрвото „вечно“ дерби меѓу Партизан и Ц. Звезда на 19 септември