Готово е: КК Партизан има нов тренер, ама добива и екстра засилување!

199
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Готово е. КК Партизан има нов тренер. Во вторник, Хоан Пењароја ќе биде претставен како нов главен тренер на Партизан, а со него би можел да пристигне и кошаркарот за кој толку многу се зборуваше во последните неколку недели. Камерон Пејн е „бомбата“ на Партизан за која се зборуваше, тој чекаше нов тренер да пристигне во Партизан и сега може без пречки да ги засили црно-белите.
Овој кошаркар се договорил и за бројка според која ќе игра за Партизан до крајот на сезоната, а таа е, според медиумите во Србија е 950.000 евра.
Да потсетиме дека Жарко Паспаљ на прес-конференцијата потврди дека има преговори со Камерон Пејн, а сега тие преговори се завршени.
На овој начин, Партизан би можел да воведе две нови засилувања во вторник, покрај тренерот Хоан Пењароја.

ПретходноЕлче го декласира Рајо Ваљекано
СледноЛевандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)