Кај Пеп нема попусти: Сите што ќе се здебелат за Божиќ „летаат“ од тимот!

82
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е познат како строг тренер кога станува збор за физичката кондиција на неговите играчи. Тој деновиве сериозно ги предупредил првотимците дека по трите слободни дена кои ќе ги добијат околу Божиќ сите ќе ги стави на вага.

„Штом ќе се вратат по три дена одмор, ќе видам како се. Дозволено им е да јадат, но ќе проверам како се. Замислете играч кој е совршен сега, но се враќа со три килограми вишок. Тоа значи дека ќе си остане во Манчестер и нема да патува во Нотингем“, рече Гвардиола.

Шпанецот одби да им даде слободен ден на играчите по последниот натпревар против Вест Хем, иако заврши со победа од 3-0.

„Играчите ме прашаа дали можат да имаат одмор во недела, но јас реков не бидејќи не играа доволно добро. Значи, неделата беше закрепнување и тренинг за оние кои не играа. По три дена одмор, имаме два дена да се подготвиме за натпреварот против Форест“, рече Гвардиола.

ПретходноБрансон со рекорд во кариерата му донесе нова победа на Њујорк
СледноОва е таа магија на Купот: Доби црвен картон по само 13 секунди! (ФОТО)