Продолжение на серијалот „трипл-дабл“ ефекти… По оние два на Сања Адамовска, на ред дојде ушт еден, го реализираше Елена Тасевска…
ЕЛЕНА ТАСЕВСКА (ВАРДАР)
Елена Тасевска се запиша како уште една кошаркарка во историјата на Првата лига во женска конкуренција, која на еден првенствен натпревар реализирала троен ефект.
На средбата со екипата на Патриот 2016, македонската репрезентативка во редовите на Вардар реализираше 20.поени (2/5 за три 6/7 за два и 2/2 за еден поен). Но за 22:11 минути на теренот, додаде и 14. скока (половина од нив во фазата на нападот), десет асистенции. И не се задоволи само со тоа, придодаде и шест освоени топки, една блокада, имаше и пет загубени топки, за да дојде до еден од најдобрите индивидуални индекси во сезоната – 42
АЛЕКСИС ПУЛ (КРИВА ПАЛАНКА)
Уште еден двоен ефект со мал број на минути поминати на теренот, реализира најдобрата кошаркарка на Крива Паланка во оваа сезона.
А за да за да дојде од 29.поени (9/11 во шутот за два поени и 11/14 во обидите кои вредат по еден), и 11.скока (четири офанзивни), и беа потребни, 20. минути. За тоа кратко време, имаше и пет освоени топки, три загубени и две блокади, за 39 индексни поени.
ЈАНА ПИСЛЕВСКА (ВАРДАР)
Поентерски ја следеше својата поискусна колешка на средбата со Патриот. За 18:26 минути во игра, постигна 25.поени (11/14 во шутот за два поени и 3/4 во обидите вредни по еден поен). Освен тоа, оствари и шест асистенции, имаше и пет скока, и дури осум освоени топки (и една загубена) за тој краток временски период. Сето тоа збирно, доволно за индекс 37.
МИЛИЦА ЈОВАНОВИЌ (ПРОБАСКЕТ)
Во целост го надополни отсуството на првиот играч на екипата на Пробаскет, Кајл Томас. На средбата со Спорт тим, на теренот остана 35:41 минута, притоа реализираше 29.поени (2/6 за три, 8/11 за два пппени и 7/10 за еден поен). На тоа додаде и седум асистенции, шест скока, пет освоени топки, три загубени, а имаше и една блокада за 35 индексни поени.
ДУШИЦА МИЦЕВА (ПРОБАСКЕТ)
Втората кошаркарка на Пробаскет која имаше сериозно „влијание“ во конечниот резултат во победата над екипата од Неготино. Одигра скоро 26.минути, период од играта во кој реализираше 16.поени (8/10 во шутот за два поени), но 15.скока (три офанзивни), две освоени топки, една блокада и една загубена топка – за индекс 29.
ПРВА ПЕТОРКА
Елена Тасевска (Вардар)
Алексис Пул (Крива Паланка)
Јана Пислевска (Вардар)
Милица Јовановиќ (Пробаскет)
Душица Мицева (Пробаскет)
ВТОРА ПЕТОРКА
Аби Ниехуес (Крива Паланка)
Ивана Кметовска (Баскет кам)
Цветанка Димова (Баскет кам)
Моника Зафировска (Вардар)
Теа Трајковска (Вардар)
*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени










