Седлоски го одбра тимот соработници: Јовчев, Христов… во стручниот штаб на репрезентацијата

2327

По денешната официјализација на Гоце Седлоски за нов селектор на А-репрезентацијата на Македонија, веќе се познати и неговите најблиски соработници со кои ќе ја започне работата на клупата на нашиот национален тим.

Прв асистент на Седлоски ќе биде актуелниот тренер на ФК Тиквеш од Кавадарци, Борче Христов, додека како втор асистент ќе биде досегашниот селектор на младата репрезентација до 19 години, Ерхан Селими.

Нов тренер на голманите во репрезентацијата ќе биде Гого Јовчев, додека задолжен за анализа ќе биде Мартин Христов.

ФФМ денеска донесе одлука за именување на Седлоски за нов предводник на А-националниот тим, а за утре е закажана и официјалната промоција.

ПретходноКрстовски голот го посвети на својот прерано починат другар!
СледноСтартуваше мисијата „Хернинг“ – Лазаров прозиваше за ЕП (ФОТО)