Михаилов и Муарем се опција за Работнички

216

Кој тренер ќе го „вади“ тимот на Работнички од оваа сериозна играчка но пред се резултатска криза? По заминувањето на досегашниот стратег Тупаиќ се горенаведеното прашање отворено се поставува.

Кој е тој тренер кој што зимава ќе седне на „жешкото“ столче во Дебар Маало и ќе се обиде да ги поправи нештата кои сезонава се сериозно заминати во погрешен правец.

Од она што „чаршијата“ шпекулира во моментов е дека две имиња се во опција. Муарем Муарем, кој што имаше одреден успех и резултати како во Гостивар така и во Башкими последно, како и искусниот Горазд Михаилов.

Тој пак има сериозно прволигашко но и интернационално искуство, а последно беше дел од тимот на Бeса.

 

ПретходноЕдна година….. Не како бројка, туку како патека….. (ВИДЕО)
СледноПРВА ЛИГА ЖЕНИ – ПЕТОРКА НА КОЛОТО : Трипл-дабл и МВП признание за Тасевска