Фановите на Бетис ја продолжија прекрасната традиција! (ВИДЕО)

40
ФОТО: Real Betis Balompié/X

Секоја чест. Навивачите на Бетис ја одбележаа и ја продолжија една од најубавите традиции во светскиот фудбал за време на натпреварот од 17-тото коло од Ла Лига со Хетафе, одигран на „Ла Картуха“.

Лос вердибланкосите“ славеа победа со 4:0, а во последниот домашен натпревар на Бетис за секоја календарска година, на теренот се фрлаат плишани играчки, кои им се даваат на децата со посебни потреби. Прекрасната иницијатива на андалузиските навивачи започна во 2018 година. Минатата година беа собрани над 20.000 плишани играчки, а во 2025 година, илјадници играчки повторно полетаа на теренот.

ПретходноДијамантот со златниот медал по триумфот во Супер Купот на Италија!
СледноНеверојатен трипл-дабл на Никола Јокиќ (ВИДЕО)