Што се однесува пак до договорот на новиот селектор Гоце Седлоски и неговиот ангажман во моментов како тренер на ФК Вардар, на јавноста повторно и се обрати претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
„Најдоброто решение во моментов за репрезентацијата на Македонија е Гоце Седлоски. Ние имаме визија што и како работите треба да ги водиме. Нема да одиме со шаблонски решенија затоа што некој мисли дека така треба, односно дека некој претходно носел такви или онакви решенија. Ние работиме по наш терк, наша визија, а на крајот ќе видиме дали тоа ќе даде резултат. Договорот е формален.Официјално еве велам. Гоце Седлоски работи во репрезентацијата про боно до јуни. Затоа што сега го имаме само баражот против Данска, и евентуалниот следен меч. Официјално ќе биде потпишан двегодишен договор со можност за дополнителни две“ – изјави претседателот Омерагиќ.










