Седлоски: Ќе се преговара со Ристовски, Адеми и Николов за нивно враќање

341

Конечно, што се однесува до самиот состав, и играчите на кои што ќе смета новиот селектор Гоце Седлоски, неминовно се поставува прашањето околу евентуалните новитети.

Што се подразбира под тоа. Секако евентуални нови повици, или пак кам бек на старите ведети кои дадоа многу за овој национален тим, но не беа дел од составот на Благоја Милевски.

„Секако дека се размислува во правец на новитетите. Ќе се следат сите сегашни, поранешни, потенцијални репрезентативци. Што се однесува до евентуалното враќање на Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Бобан Николов, стоиме на располагање за разговор и евентуален нивен кам бек. Вратите не се затворени за никого“ – изјави нашиот нов селектор.

ПретходноОмерагиќ: Седлоски ќе работи „про боно“ во репрезентацијата до јуни
СледноНекогашниот капитен повторно ја „задолжи четворката“ овојпат како селектор