Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски и официјално седнува на новата функција. На денешнатра официјална негова промоција, тој ги пренесе своите импресии од новиот ангажман, секако заодоволството за дадената шанса, и конечно одговорноста која оваа фунцкија ја носи.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му додели дрес со бројот четири, заштитниот знак на некогашниот капитен на репрезентацијата, кој што со децении го носеше во националниот дрес.
Секако симболично, но и со многу историја во себе. Дресот со број четири на Седлоски му донесе многу радости во националниот дрес да се надеваме дека така ќе продолжи и како селектор.










