КФМ се одлучи да го одложи продолжението на првенството или сезоната за најмалку две недели. Ова е поради фактот дека и натаму сите во мак – кошарката си имаат проблем со ладните сали, односно со незатоплените сали.
Ова значи дека сезоната во Супер – лигата ќе продолжи на 24/25 јануари, а требаше тоа да се случи две недели порано. Секако дека ова доаѓа откако најголем дел од клубовите се немоќни да ги затоплат салите во кои се игра, па затоа донесена е ваква одлука.
Останува да се види кога точно ќе продолжи Супер-лигата, дали ова значи дека и цел јануари нема да има мечеви од најквалитетното кошаркарско натпреварување во Македоника.
Се чини дека мак – кошарката уште еднаш ја загуби битката со студот и со неможноста да се создадат адекватни услови за играње натпревари.










