Деновиве една од топ – темите на Островот е иднината на Антоан Семењо и неговото потпишување за еден од четирите англиски клуба. Ливерпул, Челзи и два клуба од Манчестер покажаа интерес, но потоа лондонските „сини“ брзо се откажаа бидејќи сакаат да го искористат потенцијалот што го имаат во тимот. А тој е огромен.
Добри вести пристигнаа за Енцо Мареска, бидејќи објави дека Естевао и Лиам Делап ќе се вратат во тимот за натпреварот во сабота против Вила. Па така може да се каже дека ова се засилувањата за тимот на Енцо Мареска, а не Семењо.
Тие ќе бидат во конкуренција за тимот и многу е можно еден од нив дури и да биде во почетниот состав. Естевао играше одлично пред ова кратко отсуство, додека Делап е некој чии карактеристики прават огромна разлика во нападот на Челзи. Неговата сила и физичка способност се издвојуваат од другите напаѓачи и тој дефинитивно е опција што Мареска сака да ја користи кога е здрав.
Во сабота, Челзи ќе се обиде да се приближи на четири бода од Вила и потенцијално да се оддалечи од Ливерпул. Мора да се признае дека „црвените“ имаат, на хартија, полесна работа, а тоа е Вулверхемптон.










