Лос Анџелес Лејкерс го доживеаја третиот последователен пораз. На Божиќ беа поразени од Хјустон Рокетс со 96:119 на домашен терен. Лука Дончиќ се врати во составот на Лејкерси по пауза поради повреда, но ниту тој не успеа да му помогне на тимот.
Дончиќ кон крајот на натпреварот ја покажа својата фрустрација. Три минути пред истекот на последната четвртина тој се иструри кон судијата поради досуден прекршок врз Кевин Дурент, по што доби техничка грешка.
Дурент реагираше со насмевка. Видеото од таа ситуација можете да го погледнете ОВДЕ.
Водечкиот стрелец во НБА, Дончиќ, натпреварот го заврши со 25 поени, пет скока и седум асистенции, но имаше и шест загубени топки. Лејкерси моментално се четвртопласирани во Западната конференција со скор од 19 победи и 10 порази.










