И дефинитивно во Србија, посебно во фудбалска Србија се е можно. Партизан се соочува со нов предизвик, овој пат надвор од теренот, бидејќи поранешниот тренер Срѓан Благојевиќ одлучи да ја бара правдата на суд поради едностраното раскинување на договорот.
Како што пренесуваат медиумите во Србија, Благојевиќ покренал судска постапка против црно-белите откако бил отпуштен на почетокот на ноември со одлука на Управниот одбор на клубот, а по предлог на Предраг Мијатовиќ. Иако Партизан замина на зимска пауза како лидер во првенството, раководството ќе мора да го реши и овој неочекуван проблем покрај спортските планови. Благојевиќ очигледно не го прифатил начинот на кој е прекината соработката и одлучил случајот да го достави до надлежните органи на Фудбалскиот сојуз на Србија. Благојевиќ го презеде тимот од Хумска на почетокот на 2025 година. Тој воспостави континуитет со млад тим и без поголеми засилувања, но раните елиминации од Европа и Купот на Србија ги засенија неговите резултати.










