За Клоп нема дилеми кој е најдобриот фудбалер кого го тренирал! Тоа е…

125
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Јирген Клоп важи за еден од најдобрите тренери во 21 век. Каде и да работеше Германецот имаше успеси. Тој низ целата своја кариера успеа да изгради цела констелација од врвни фудбалери, но кога зборува за најдобрите – тој изговара едно име со посебен акцент.

Германскиот стручњак се смета за тренер кој не само што создава системи, туку и играчи. Мохамед Салах, Садио Мане, Марко Ројс, Марио Геце, Илкај Гундоган, Матс Хумелс, Вирџил ван Дајк, Трент Александар-Арнолд и многу други цветаа под негово водство. Многумина од нив дојдоа како таленти или „добри играчи“, а си заминаа како глобални ѕвезди. Клоп остави особено впечатлив белег во Борусија Дортмунд, каде што го претвори младиот и неискусен тим во европска сила. Во тој период, растеше и Роберт Левандовски, релативно непознат напаѓач од Полска, кој пристигна во Германија без големо име, но со огромен потенцијал.

И покрај тоа што работеше со некои од најдобрите играчи на денешницата, Клоп никогаш не го криеше своето посебно почитување кон Левандовски.

Не би било фер да се каже тоа за никого друг освен за Лева. Она што го направи со својот потенцијал и како се наметна себеси за да стане играчот што е денес – тоа е извонредно. Ако сите фудбалери се развиваа како него, фудбалскиот свет би бил целосно луд“, рече Клоп.
Левандовски е актуелен фудбалер на Барселона, со која има договор до крајот на сезоната, но се повеќе се шпекулира дека заминува бидејќи клубот има премногу тешкотии да издвои 21 милион евра годишно за 37-годишникот, иако тој продолжува да се истакнува.

ПретходноРајковиќ со Тофаш со “седум од седум“ на свој терен во шампионатот на Турција!
СледноУжасно деби на Пењароја: Макаби го декласира Партизан среде Белград!