Овој Партизан без Жељко Обрадовиќ служи за потсмев, но така е кога некои други фактори ќе се вмешаат во работата на клубот а претседателот на „црно – белите“одговара пред само еден човек, а се знае кој е тој.
Хоан Пењароја, новиот тренер на Партизан вечерва имаше ужасно деби. Неговите избраници дома, пред своите фанови во Белград беа поразени од Макаби со 87:112.
Ова е вистински дебакл, Партизан одигра ужасно, срамно, освен во првата четвртина кога и новиот кошаркар, Пејн одигра сосема солидно и овој период заврши со водство на домашните од 31:30.
Се понатаму беше ужас, дебакл, и повеќе од катастрофа. А што мислат фановите најубаво се виде дека по подолго време Арената во Белград не беше преполна а атмосферата катастрофална. Секако дека треба да се одбележат свирежите упатени кон Тајрик Џонс и Џабари Паркер.
Ако Партизан вака е декласира од еден Макаби, тогаш што останува да се надева кога ќе игра против многу посилни екипи.
Но за тоа секако дека треба да се замисли првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ кој направи се да си замине Обрадовиќ кој и натаму ќе биде икона на Партизан.










