Очекувано, Баскет кам е прв полуфиналист во женскиот куп

31
фото: mkd.basketball

Екипата на Баскет кам е првиот учесник на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако вечерва стигнаа до убедлива победа против екипата на Спорт тим од 89:47.

Победникот на овој меч во СРЦ „Кале“ беше решен уште по десет минути игра. Оние во кои големиот фаворит направи уште поголема предност (28:9), која до полувремето ја зголеми на недостижни (54:21).

Во второто полувреме, тренерот на екипата од Македонска Каменица, Тони Симиќ се одлучи да им даде поголем број на минути на играчите на кои им треба искуство, како Дојчинова, Божинова, па и Хафналауи.

Димова постигна 25 поени (имаше и четири скока и три асистенции), Максимовска заврши со 13 реализации (пет скока и четири асистенции), додека капитенот Поп-Димитровска додаде 11 поени (три асистенции и два скока).

Преостанатите три натпревари ќе се одиграат утре.

ПретходноФановите се разочарани: Ова се новите дресови на Реал Мадрид за сезоната 2026/27! (ФОТО)
СледноПартизан е во хаос: Тајрик Џонс по дебаклот влезе во пресметка со навивачите (ВИДЕО)