Македонскиот стратег, Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш дојдоа до седмата победа во низа на домашен терен, откако вчера славеа против Бахчешехир со 92-82. Нашиот тренер после мечот, тој потенцираше дека треба почнат да победуваат и на гостински терен.
„Моите играчи покажаа одличен карактер. Во второто полувреме покажавме дека сме тимот што сака да победи повеќе. Алекс обезбеди одлично водство за тимот. Искусните играчи влијаеја на натпреварот со своите конечни одлуки. Покажавме карактер во играта. Ние сме како Робин Худ, земаме од богатите и даваме на сиромашните, но не треба да бидеме повеќе Робин Худ. Мора да победиме во секој натпревар, и дома и на гости“, рече македонскиот тренер.
Тофаш е петти на табелата во турската Супер-лига со скор од седум победи и шест порази, има 20 бода, четири бода помалку од лидерот Бешикташ.










