Нови два гола за Португалецот: Роналдо стигна до 956 гола!

56
фото: AlNassr FC (X)

Кристијано Роналдо стигна до бројката од 956 гола во својата кариера, откако денеска во дресот на Ал Наср двапати беше прецизен во победата од 3:0 над екипата на Ал Охдод.

40-годишниот Португалец го отвори резултатот во 31-та минута, постигнувајќи гол од непосредна близина, додека во судиското продолжение на првиот дел тој постигна гол со пета од внатрешноста на шеснаесетникот.

Роналдо сега има 814 клупски голови и 142 за португалската репрезентација и продолжува да го напаѓа рекордот од 1000 гола во кариерата.

ПретходноВирц погоди, Ливерпул победи, Арсенал повторно е на врвот (ВИДЕО)
СледноДајч бесен на судиите на мечот со Сити: Па какво судење е ова?