Тимот на Емери оди по титулата: Вила го победи Челзи и испиша историја!

59
ФОТО: Aston Villa FC/FB

Фудбалерите на Астон Вила го победија Челзи на Стемфорд Бриџ со резултат од 1:2 во 18-то коло од Премиер лигата.
Без Енцо Мареска покрај клупата, кој ја отслужуваше суспензијата од трибините, Челзи изгледаше како тим кој ќе го заврши дерби колото со рутински резултат. Се случи сосема спротивното – Астон Вила ја израмни 11-тата последователна победа во сите натпреварувања, осма во Премиер лигата и испиша нови страници во историјата на клубот. Тоа никогаш не му се случи на тимот од Бирмингем.

Сините“ дојдоа во водство со голот на Жоао Педро во 37.минута и се беше ОК за нив до 58.минута кога во игра влезе Оли Воткинс и направи пресврт. Прво во 63.минута донесе израмнување на 1:1, за да во 84.минута со својот втор гол и донесе победа на Астон Вила.

Сега веќе е јасно дека тимот од Бирмингем оди по титулата, има -3 бода од лидерот Арсенал и -1 од Манчестер Сити.

ПретходноМато ја погоди пречката: Уганда одигра без победник со Танзанија!
СледноФеникс 2010 преку Чаир до пласман во четвртфиналето во Купот!