Феникс 2010 преку Чаир до пласман во четвртфиналето во Купот!

26

Феникс 2010 е последниот патник во четвртфиналето во Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“. Вечерва во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, кошаркарите на Феникс 2010 славеа против Чаир со 79:83 во последниот меч од осминафиналето па со тоа сега се познати сите екипи учеснички во заврпшницата од Купот на Македонија.

Гостите имаа контрола на резултатот во “првото полувреме“ ако се знае дека во своја корист ги добија првите две четвртини. И во третата беа подобри и со тоа во последниот период влегоа со +9 поени.

Сепак кошакарите на Чаир не се предадоа, влегога на се или ништо и успеаја да дојдат до шанса за пресврт, но кога беше најпотребно Феникс 2010 знаеше како трееба и на крајот заслужено се радуваше на победата.

Тачи со 23 поени беше најефикасен кај домашниот состав, додека Рахама кај гостирте запиша 21 поен.

ПретходноТимот на Емери оди по титулата: Вила го победи Челзи и испиша историја!
СледноУкпа се враќа во ПМФЛ, ќе игра за Арсими?!