Тони Крос ги разгневи фановите на Баерн Минхен! (ФОТО)

71
ФОТО: Real Madrid FC/X

И повторно Тони Крос со своите изјави ги разгневи фановите на Баерн Минхен. Во својата кариера, Крос играше само за три клуба, за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Реал Мадрид.
Иако порасна во Баерн и доби шанса да се докаже на големата сцена, на крајот Крос остави многу поголем белег во Реал Мадрид, за кој играше десет години и освои сè што можеше. Крос исто така остави значаен белег во Баерн, но воопшто нема добри односи со клубот од Минхен, кои беа нарушени со заминувањето во Реал Мадрид за 25 милиони евра.
35-годишникот даде интервју за легендарниот бразилски играч Ромарио, во кое повторно го навлече гневот на навивачите на Баерн врз себе поради она што го кажа. Ромарио го замоли да избере помеѓу Сантијаго Бернабеу и Алијанц Арената, а на Крос воопшто не му требаше време да размисли за тоа, и веднаш си кажа:
„Сантијаго Бернабеу или Алијанц Арена? Сантијаго Бернабеу. Тоа е најдобриот стадион во светот, точка“, рече Крос. Но, тој не застана тука и најде начин повторно да ги „избоцка“ Баварците.
„Ќе бидам искрен, Реал Мадрид е најголемиот клуб за кој сум играл. Имав среќа да играм таму десет години. Тој клуб е како големо семејство и во периодот додека играв таму бевме најуспешни, што е голема чест и привилегија“, додаде Германецот.

ПретходноМечот меѓу Хрватска – Македонија со директен пренос на МРТ 3
СледноСе шири истрагата со обложувањето во Турција: Нови апспења – од кои 14 фудбалери!