Се шири истрагата со обложувањето во Турција: Нови апспења – од кои 14 фудбалери!

54

Последните информации од Турција велат дека и тоа како се шири истрагата во во врска со обложувањето во таа земја. Имено нов бран апсења во Турција спроведе локалната полиција по налог на обвинителството, кое со месеци спроведува истрага против осомничени за наместени голем број фудбалски натпревари. Во новата акција спроведена во петокот, уапсени се дури 29 лица, од кои 14 фудбалери, а 24 од нив се приведени, според локалните медиуми, цитирајќи го соопштението на Јавното обвинителство во Истанбул.
Ова е втор бран масовни апсења во Турција, по она што го потресе турскиот фудбал на почетокот на ноември.
Во тоа време, шест судии и претседателот на прволигашкиот тим Ејуспор беа лишени од слобода.
„Издадени се потерници за 29 лица, меѓу кои 14 фудбалери, а 24 од нив се приведени“, објави обвинителството во петок. За потсетување, истрагата за обложување во турскиот фудбал заврши на 27 октомври 2025 година, кога Турската фудбалска асоцијација објави дека внатрешна ревизија пронашла докази за широко распространета активност на обложување.
Беше откриено дека во мрежата за обложување биле вклучени стотици судии на кои, според кодексот за интегритет на ФИФА и УЕФА, им е забрането да се занимаваат со било каков вид обложување, вклучително и само да имаат сметка за обложување. Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хаџиосманоглу, ги опиша доказите како „пресвртница за турскиот фудбал“ и вети дека ќе спроведе реформи насочени кон враќање на довербата на јавноста во судењето.

ПретходноТони Крос ги разгневи фановите на Баерн Минхен! (ФОТО)
СледноМилан е нов лидер во Серија А (ВИДЕО)