Она кога ТВ снимателот не ти дава вистински да се израдуваш!(ВИДЕО)

47
screenshot

Тоа е Пеп Гвардиола. И покрај победата на неговата екипа повторно дозволи да биде изнервиран. Неочекувана сцена во која Пеп Гвардиола беше во фокусот беше видена по завршувањето на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Нотингем Форест, кога каталонскиот стручњак го изрази своето незадоволство кон снимателот на остар начин.
Манчестер Сити обезбеди тешка, но вредна победа од 2:1 на гости против Нотингем Форест и со тоа остана на чекор од водечкиот Арсенал во борбата за титулата. По натпреварот, тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, влезе на теренот за да им честита на своите играчи. Потоа се упати кон трибината каде што беа навивачите на неговиот тим со цел да прослави важна победа со нив. За време на прославата, снимател го следеше од блиску, што предизвика бурна реакција на Гвардиола. Тренерот на Сити, видливо вознемирен, силно протестираше кон снимателот, а инцидентот беше снимен и брзо стана вирален на социјалните мрежи.

ПретходноИницијатива на ФК Вардар: Јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов
СледноМечот меѓу Хрватска – Македонија со директен пренос на МРТ 3