Тренер на женскиот тим на Валенсија почина на одмор во Индонезија

41

Фернандо Мартин, тренер на вториот женски тим на Валенсија, почина заедно со тројца членови на неговото семејство откако нивниот брод се преврте во Индонезија за време на божиќните празници, соопшти шпанскиот фудбалски клуб.

Страшната трагедија се случила од засега не толку разјаснети околности, кои треба да бидат појасни откако ќе заврши истрагата.

Локалната полиција во корелација со шанската во текот на вчерашниот ден објави дека пловилото со капацитет од единаесет лица поради екстремно лоши временски услови се превртел кај теснецот Падар на островот во близина на Лабуан Бахо, популарна туристичка дестинација.

Официјално починати покрај Фернандо Мартин се и неговите три деца, а сопругата и една ќерка се спасени.

 

ПретходноЕлмас и Наполи со триумф кај Кремонезе (ВИДЕО)
СледноНекогашниот репрезентативец на Англија оди во затвор на пет години!?