Куп мечевите на Шкендија, Шкупи и Борец поместени за 22 септември!

485

 

Поради трагедијата во Тетово,ФФМ супер – дербито од 6.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Шкупи место за во недела, го презакажа за во вторник. Па така со оглед на тоа дека во среда се закажани натпреварите од 1/16 финалето во Купот на Македонија, мораше да се поместат и куп средбите на овие две екипи.

Што значи Кит Го – Шкендија и Велешта – Шкупи место на 15 септемеври, ќе се играат една недела подоцна, идната среда на 22 овој месец.Исто така поместен за 22 септември е и мечот меѓу Њу Старс и Борец на барање на двете екипи.

Да кажеме дека натпреварот меѓу Љуботен и Пелистер, кој требаше да се игра во Тетово, сепак ќе се игра во Битола.

ПретходноВо недела во Струмица: Беласица на “Благој Истатов“, а “Пандевци“ на својот комплекс!
СледноТрајковски и официјално претставен во Алборг!