Квалитетно, големо засилување во овој зимски преоден рок во редовите на ГФК Охрид. Раководството на есенскиот шампион денеска го претстави Благоја Спиркоски како ново име во своите редови. Спиркоски доаѓа од редовите на Кожуф и претставува капитално засилување во борбата за пласман во ПМФЛ, што се и амцбициите на охриѓани.
Благоја Спиркоски настапува на позициите од средината на теренот, тој во својата кариера има околу 150 настапи во првата македонска фудбалска лига. Покрај екипата на Кожуф настапуваше за екипите на Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Гостивар и Тиквеш. ГФК Охрид ги продолжи договорите со сите досегашни играчи, а во наредниот период ќе бидат претставени уште две засилувања.










