Иако и нему му е јасно дека во оваа 2025 година не беше на она ниво од минатите години, сепак најдобриот тенисер во историјата нема намера да оди брзо во играчка пензија. Уште повеќе, Новак Ѓоковиќ изјави дека неговата цел е да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година.
„Навистина, сакам да продолжам. Реков дека мојата цел е Лос Анџелес во 2028 година и Олимписките игри. Но, знаете што, нема ограничување за мене. Ќе видиме. Знаете што мислам? Јас само продолжувам. Обожавам да ја удрам тениското топче и сакам да се натпреварувам. Им кажав на момците со кои разговарав, големите имиња во фудбалот, дека навистина сè е околу страста и љубовта. Се додека навистина чувствувате дека играте на високо ниво и вашето тело ве служи – зошто, нели? Знаете, луѓето сакаат да зборуваат и да шпекулираат за пензионирање“, рече 38-годишниот Ѓоковиќ во Дубаи.
Во неделата во Дубаи, Ѓоковиќ ја доби наградата „Глоуб спортс“ за достигнувања во спортот.
„Продолжувам да придонесувам во светскиот тенис. Доаѓаат големи промени и сакам да бидам дел од нив. Продолжувам да се грижам за тоа како помладите генерации ме перцепираат, не само поради резултатите, туку и поради мојот карактер и вредности“, додаде Ѓоковиќ.
На Олимписките игри во Лос Анџелес, Ѓоковиќ би го бранел златото што го освои во Париз 2024.










