Врз тренерот на Лацио, Маурицио Сари, извршена била на мала операција на срце откако рутинските тестови открија аномалија, соопшти римскиот клуб.
66-годишниот стратег треба да го предводи тимот во наредните денови и не се очекува да биде долго отсутен кога станува збор за редовните обврски во клубот. Сари беше опериран во поликлиниката „Тор Вергата“ во Рим, каде што му беше извршена аблација. Хируршката интервенција беше извршена во присуство на лекарите од Лацио и беше успешно завршена. Маурицио Сари е тренер од 1990 година, а ги водеше Наполи, Челзи, со кого ја освои Лигата на Европа во 2019 година, и Јувентус, со кого беше шампион на Италија во 2020 година. Тој е на чело на Лацио од јуни, а го имаше и својот прв период во римскиот клуб помеѓу 2021 и 2024 година. Во тековната сезона, Лацио моментално е на осмото место во Серија А со 24 бода, или поточно, шест победи, шест нерешени и пет порази. Следниот натпревар на Лацио е на гости против шампионот Наполи во сабота, а се очекува искусниот тренер да седи на клупата за тимот од италијанската престолнина.
Le condizioni di mister Sarri
➡️ https://t.co/N5ZbkwNNAt#AvantiLazio pic.twitter.com/vxLcWCsjxu
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) December 29, 2025










