Официјално: Челзи се раздели со Мареска! (ФОТО)

108
Фото: Челзи/Твитер

Најавите се остварија. Челзи на првиот ден од новата година и официјално се раздели со својот тренер Енцо Мареска.
Мареска дојде во Челзи во летото 2024 година и со „сините“ ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Сепак, Италијанецот не успеа да го направи Челзи конкурент за титулата во Премиер лигата, а по послабите резултати во последно време, имаше несогласувања со раководството на клубот, што резултираше со конечна разделба.
„Фудбалскиот клуб Челзи и главниот тренер Енцо Мареска се разделија.
За време на неговиот престој во клубот, Енцо го водеше тимот до успех во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА. Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот.
Со клучните цели што треба да се исполнат во четири натпреварувања, вклучувајќи ја и квалификацијата во Лигата на шампионите, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најдобра шанса да ја врати сезоната на вистинскиот пат.
Му посакуваме на Енцо се најдобро во иднина
“, се вели во соопштението на Челзи за оваа одлука.

ПретходноВо новата година влеговме со национален рекорд: Дарио истрча рекорд во Мадрид!
СледноРАКОМЕТНИ МОМЕНТИ: Алкалоид, Галевски и македонска репрезентација!