Младинците на РК Пелистер ги добија ривалите во ЛШ!

494

Втората сезона од Лигата на Шампионите за младинци ќе стартува оваа пролет. Ракометна Македонија и сега ќе има свој претставник како што беше минатата година. И сега тоа ќе биде младинската екипа на РК Пелистер. Битолчани ги дознаа своите ривалио и тоа ќе бидат екипи од Данска, Хрватска и Германија.

РК Пелистер се најде во групата 2, а групната фаза ќе се одигра на 30 и 31 март во Пореч (Хрватска). Нивни ривали ќе бидат младинците на Загреб, Алборг и Фуксе Берлин.

Како што беше лани, така ќе биде и оваа година. Со ждрепка ќе се одредат полуфиналние двојки, по што победниците ќе играат во финалето а поразените за тоа трето место. Само победникот ќе обезбеди место на Ф4, да се потсетиме дека РК Пелистер лани играше на завршниот турнир во младинската ЛШ.

Да се надеваме дека и оваа сезона така ќе биде, дека битолчани во најмала рака ќе го повторат успехот од лани.

ПретходноРАКОМЕТНИ МОМЕНТИ: Алкалоид, Галевски и македонска репрезентација!
СледноФудбалските генијалци кои во 2025-та станаа „фудбалски пензионери“