Сити загуби два големи бода: Челзи со гол во судиското продолжение извади реми на „Етихад“

108

Со голот на Енцо Фернандез во четвртата минута од продолжението, Челзи се избори за реми (1:1) на гостувањето кај Манчестер Сити на „Етихад“ во натпреварот од 20-тото коло од Премиер лигата.

Во отсуство на првиот тренер Мареска кој си замина, Челзи направи одличен резултат против еден од главните кандидати за титулата. Сепак, овој „кикс“ за Сити може скапо да го чини во трката за шампионската титула со Арсенал.

Манчестер Сити имаше малку повеќе простор во текот на првото полувреме, но дури во завршницата со една соло акција на Рејдерс дојде до водство од 1:0.

Во вториот дел и двата тима имаа шанси, но дури во четврттата минута од сидиското продолжение Челзи преку Аргентинецот Фернандез дојде до гол за реми.

ПретходноЧелзи ќе урива рекорди, за ѕвездата на Астон Вила нуди 150 милиони евра!
СледноВинисиус е очаен: 18 натпревари без гол!