Ѓоковиќ му се реваншираше на Зверев за Токио, сега е на чекор од историја

509

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен. Српскиот тенисер му се реваншираше на Александер Зверев го совлада со 3-2 по сетови  (4-6, 6-2, 6-4, 4-6. 6-2).

Ноле се најде на чекор до историја, тој ќе има шанса да постане првиот тенисер кој во една сезона ги освоил сите четири гренд слем титули. Тој не само што му се одмазди на Зверев за поразот во Токио, успеа да изедначи нов рекорд на Роџер Федерер, дојде до 31. гренд слем финале.

Ѓоковиќ ги изгуби првиот и четвртиот сер, откако Германецот поведе со 4-6, тој ги доби следните два со 6-2 и 6-4. Зверев успеа да изедначи на 2-2, но Србинот одигра одлично во решавачкиот сет, го доби со 6-2 за чекор до историја.

Противник во неделното финале ќе му биде Данил Медведев, кој во три сета го елиминира Фелик Ожер Алиасим (6-4, 7-5, 6-2).

ПретходноБруклин има ново засилување, потпиша Пол Милсап
СледноЃоковиќ: Во финалето ќе играм како да ми е последен меч во кариерата