Македонија игра против Украина (ЛИНК)

765

Македонската ракометна репрезентација денеска (17:45 часот) во Винтертур го игра вториот натпревар во рамките на „Жеолтиот Куп“. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат репрезентацијата на Украина.

Ракометарите турнирот го стартуваа со победа, вчера го победија Бахреин со 32-28. Противникот само еднаш успеа да поведе, преостанатиот меч мина во знакот на „црвено-жолтите“.

Турнирот во Швајцарија е последен тест за нашите момци пред стартот на Европското првенство. Македонија игра во Хернинг, на 16. јануари отвара против Данска, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на последниот меч игра против Романија (20.01).

Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија можете да го гледате на следниот ЛИНК. 

ПретходноЕден дуел во НБА е одложен: Со крпи се обидуваа да го спасот мечот
СледноКирјос се откажа – Вавринка доби посебна покана