Иван Ивановски со трансфер во Јордан

826
ФОТО: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930/FB Kavadarci

Искусниот напаѓач Иван Ивановски по долго време прави интернационален трансфер. Крилниот играч заминува зимава од Тиквеш за далечниот Јордан, каде што ќе биде дел од тимот на Ал Рамтха.

Се работи за екстра клуб за тамошни услови кој што во моментов е втор на табелата, и кој што е на само бод од лидерската позиција.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија по втор пат во кариерата заминува од Македонија, откако своевремено беше дел од босанскиот тим на Звијезда Градачац.

Во меѓувреме беше дел и од Металург, Тиквеш, Силекс и Гостивар….

 

ПретходноТиквеш тргна со нова енергија, нова управа и планови за на пролет (ВИДЕО)
СледноСемењо и официјално е играч на Манчестер Сити