Деби со пораз на клупата на Шафхаузен на нашиот стратег Артим Шаќири. Да потсетиме дека еден од нашите некогаш најдобри фудбалери и репрезентативци, сега познат тренер, на 2 септември го презема овој швајцарски клуб кој се натпреварува во Втората лига во Швајцарија.
Синоќа, во рамките на 6.коло, Шафхаузен со Артим Шаќири на клупата гостуваше кај Лозана и е поразен со 2:1.
Тимот на нашиот теренер губеше со 2:0, но успеа во финишот да намали на 2:1, но не и да извлече барем бод.
Интересно е тоа што тренер на победничкиот тим е Мехо Кодро, легендарниот репрезентативец на БиХ.