Со одлична игра во второто полувреме, македонската ракометна репрезентација после пресврт ја запиша втората победа во “Жолтиот Куп”, откако ја победи и Украина со 31-26 . Утре против домаќинот Швајцарија ќе игра за првото место. Младиот голман, Иван Галевски беше една од причините за кам-бекот на Македонија, врза неколку одбрани во моментите кога нашата репрезентација со две кратки серии целосно се врати во мечот.
“Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално, на ваков систем на натпревари. Ова ќе ни помогне многу зошто ваков турнир не очекува и на ЕП во Данска, па така ова е една добра увертира за да се подготвиме добро, да ги анализираме нашите недостатоци, секако и добрите работи. Оваа победа ни значи многу за нашата самодоверба, која ќе ни биде потребно за утрешниот меч со Швајцарија.Секогаш може подобро, јас сум тука за да ја искористам секока шанса што ќе ми се даде без разлика колку ќе биде тоа временски, дали пет или десет минути, полувреме или цел натпревар. Како што кажав, секогаш може подобро. За мојот настап помогнаа и моите соиграчи, кои ги поправија, ајде да кажам, тие недостатоци од првиот дел во одбраната и беа одлични кои ми дадоа еден ветар во грб за да можеме заедно да ја оствариме оваа победа“ истана Иван Галевски.
Македонија на Европското првенство ќе има тешка задача ќе игра против Данска, Португалија и Романија.










