Турските медиуми јавуваат: Трабзонспор тргнува по Роџерс Мато

874

Очигледно дека зимава, поточно во овој преоден рок многу ќе се зборува за еден од најдобрите играчи во ПМФЛ шампионатот, напаѓачот на Вардар, Роџерс Мато. Репрезентативецот на Уганда, со оглед на неговата статистика во есенскиот дел од шампионатот, која што е импресивна со 12 гола, ќе биде мета на многу клубови, а веќе на адресата на Вардар пристигнуваат и официјални понуди. Онаа од шкотски Хартс веќе е позната, искоментирана, и одбиена, а истата беше вредна 350.000 евра.

Вардар вели дека Мато не е слободен под 1.5 милиони евра, а очигледно дека таа сума не е проблем за турскиот гигант Трабзонспор чиј што скаути дале зелено светло овој клуб да тргне во офанзива кога е во прашање напаѓачот.

Турските медиуми денеска пишуваат дека Трабзонспор е подготвен да започне преговори со Вардар за купување на Мато. Тој пак сеуште е на заслужен одмор, затоа што беше дел од Африканскиот куп каде што со својата репрезентација Уганда ги заврши настапите во групната фаза. Мато и на овој турнир постигна гол.

https://www.takagazete.com.tr/trabzonspordan-gol-makinesi-hamlesi-roger-mato-icin-resmi-temaslar-basladi

ПретходноЕХФ ги повлече Начевски и Николов од листата за Европското првенство
СледноФодеј Травали ја менува Брера со Башкими