Македонската ракометна репрезентација е во одлична форма пред Европското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров запишаа две победи и реми на „Жолтиот Куп“ во Винтертур. И на последниот меч покажаа карактер, херојски се вратија од негатива од шест гола, Марко Митев на крајот донесе реми.
Со оглед на тоа дека Швајцарија е домаќин на крајот заврши како прва, Македонија зад неа, што пак е помалку важно бидејќи најважни ќе бидат резултатите и играта на ЕП.

Филип Кузмановски доби индивидуално признание, беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот.










