По повеќе од две децении повторно имаме Ибрахимовиќ во дресот на Ајакс. Се работи за синот на прославениот ас, Златан Ибрахимовиќ кој што од денеска и официјално се е член на тимот од Амстердам.
Максимилиан Ибрахимовиќ досега беше дел од Милан Примавера, тим кој што е дел од четвртата по ранг лига во Италија се реши на ваков чекор затоа што очигледно смета дека со тоа ќе добие на повеќе квалитет и ќе ја крене кариерата на повисоко ниво.
Тој нормално засега ќе е дел од У23 тимот на Ајакс, па ќе видиме до каде што дотера.










