Данската машина за голови за Македонија: Знаат да го направат мечот – тежок!

677
Фото: ИХФ/Колектиф

Лидерот на данската ракометна репрезентација, Матијас Гидсел, ќе биде во центарот на вниманието во текот на целиот шампионат. Домаќинот на ЕП е прв противник на Македонија на континенталното натпреварување, а дуелот ќе се игра во петок, во Хернинг пред 15.000 фанови.

Гидсел истакна дека се добро подготвени, првиот меч секогаш е важен. За Македонија истакна дека знае да направи проблеми, но тие ќе гледаат мечот да го решат побрзо.

„Добро сме подготвени. Овие тимови секогаш играат физички и го прават натпреварот тежок. Ние сакаме да играме побрзо и да избегнеме премногу физички дуели.

За повеќето од нас, важно е во петок да ја почувствуваме арената, теренот и да ја тргнеме тремата, па потоа да се фокусираме на турнирот.“

ПретходноЕкстра засилување: Кожув го потпиша Давид Ивановски!
СледноНајтрофејниот најавил дека оди во пензија?!