Митев: Нема штедење кога играш за Македонија

128

Македонските ракометари влегуваат во последните 24 часа до првиот натпревар на Европското првенство. Дел од помладите кои ја чекаат својата шанса на континенталното првенство, го гледаат мечот со Данска како голем предизвик. Дамјан Митев е еден од младите играчи во ростерот на Македонија, а за дуелот на отворањето на првенството вели:

„Данска ја знаеме добро, сите ѝ ги познаваме квалитетите, нема што да се зборува посебно за нив. Одиме максимално да играме со сите и со Португалија и со Романија. Чувството е одлично, знаеме дека против нас ќе ги имаме играчите кои до вчера ти биле идоли. Мора да го дадеме нашиот максимум затоа што се работи за Европско првенство, играш за Македонија. Нема да се штедиме, ова е репрезентација, мора секој меч да си на максмум“.

Македонија утре во 20.30 часот против Данска ќе го одигра првиот меч на првенството во Хернинг.

ПретходноКомпани го надмина и Гвардиола: Баерн никогаш не бил подобар
СледноПатување низ времето: Хернинг е добро познато место ама за една друга Македонија (ФОТО)