СпортСпорт во Херниг,
Марија Ковачева
Раул Гонзалес со пораз стартуваше на првото големо натпреварување како селектор на Србија. На првиот меч во Хернинг, нашиот северен сосед беше поразен со 29-27 (20-15). Црвената фурија отвори со 7-3 и го наметна своето темпо. Србија најблиску беше на 11-9, но противникот повторно го зголеми темпото и дојде на плус пет (16-11), позитива со која замина на одморот. Шпанија ја одржуваше позитивата во продолжение. Србија на стартот на 50 минута по одбрана на Милосављев и гол на Борозан дојде на 25-22, Рибера повика тајм-аут. Неизвесноста продолжи, Србија намали на 26-24, не искористи напад да приреди драма. Душебаев го прекина налетот на противникот. На минута до крајот, Шпанија имаше напад и водство од 29-27. По две неискористени шанси на двете страни, беше јасно името на победникот.
Франција во Осло, исто така во меч од 1.коло, но во групата Ц, без никаков проблем и повеќе од рутински славеше против Чешка и тргна моќно во одбрана на тронот. Уште на стартот се виде дека еден од големите фаворити на ова ЕП ќе ги освои првите бодови. Имено во 5.минута резултатот беше 6:0 за Франција, па затоа селекторот на Чешка мораше да го земе својот прв тајм-аут, сепак некои работи битно не се променија. Франција играше во свој ритам, но како да намали со тој ритам во еден дел од првиот дел, затоа и Чешка дојде на само -4, но на пауза се замина со 20:14.
Во вториот дел едноставно Французите просто газеа, жаргонски кажано. Чесите колку и да се трудеа беа немоќни, па така на крајот Франција славеше со 42:28 или со +14 разлика.
Кога сме кај стрелците Пранди, Ричардсон и Наи стрелаа по 6 голови, додека кај Чесите најефикасен беше Широки со шест погодоци.










