Македонија има голема поддршка од Раул Гонзалес: Ќе навивам за Лазаров и играчите!

1047

Интересно е во Хернинг. И двете групи кои се тука имаат да понудат добра ракометна фешта. Денеска шампионатот го отворија Шпанија и Србија, победата ја однесе „фуријата“, славеше со 29-27.

После мечот Раул Гонзалес беше отворен и за македонските медиуми. Тој не го криеше своето разочарување од поразот, но најави дека мора да се издигнат за следната битка.

Секако не пропуштивме да го прашаме за Македонија, селекција која ја водеше во периодот од 2017 до 2019 година.

„Ќе навивам за Македонија. Има добар и млад тим, мислам дека Кирил Лазаров може да направи многу со оваа репрезентација. Очекувам добри игри“, рече Раул, кој дефинтивно не го заборавил македонскиот јазик.  

ПретходноРаул без решение за “своите”, Франција тргна моќно во одбрана на тронот
СледноДушебаев им даде „тронка“ надеж на фановите на Вардар 1961