Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч против Пао, посебно во последната фаза од средбата и во многу помогна неговиот Баерн да слави во меч од Евролигата да слави против тимот од Атина со 85:78. Нено заврши со 9 поени, два скока и пет асистенции.
Сепак треба да се каже дека Македонецот се повреди во последните секунди од мечот кога храбро и неверојатно борбено тргна по една топка, беше во скок за да потоа падне со телото и главата на паркетот. Веднаш стана, но потоа повторно легна на паркетот, очигледно дека болките беа големи мораше да седне на клупата. Да се надеваме дека не е ништо толку страшно.
Ова значи дека Нено го доби “македонското“ дерби против Ти-Џеј Шортс, кој имаше 8 поени, два скока и 3 асистенции.










