Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

43

Во 21-то коло од италијанската Серија А, тимот на Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Каљари, со 1:0 (0:0).

Одлучувачкиот момент на мечот беше 65-тата минута кога Лука Мацители го постигна голот кој подоцна се покажа и како решавачки на мечот. Гаетано центаршутираше од слободен удар, Мацители се појави на вистинското место и шутираше директно во долниот десен агол за 1:0!

Јуве продолжи со нападите, но до крајот никако не успеа да најде ситуација за израмнување.

ПретходноМилосављев после големата победа со кратка порака: „Auf Wiedersehen“ (ВИДЕО)
Следно„Доктор“ Раул не паѓа во еуфорија: Ништо не е готово, Австрија е сериозен противник